Генералниот секретар Љупчо Николовски заедно со Организациониот секретар на СДСМ, Душко Весковски вечерва одржа состанок со Градската организација на СДСМ предводена од Александар Бајдевски, а на состанокот присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Се разговараше за процесот на ажурирање на членството кој тече активно и треба да финишира со првите вантрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 21 март.

„Последните информации покажуваат дека ажурирани се над 40.000 членови, а мотивира фактот дека многу нови членови се приклучуваат. СДСМ победува затоа што постојано се менува. Граѓаните даваат поддршка за СДСМ насекаде низ државата и тука во Скопје и затоа семејството на СДСМ расте насекаде, затоа сме прва партија со функционални Општински организации во секоја општина во државата“ истакна Николовски.
Оваа поддршка, додаде Николовски, е мотив плус да работиме уште повеќе одговорно и уште повеќе посветено во интерес на граѓаните и државата.







































