„Лешочкиот манастир е еден од најважните културни обележја на Тетовскиот регион, споменик на православното духовно наследство. Во овој православен манастирски комплекс се наоѓа гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век“, сподели на социјалните мрежи вицепремиерот Љупчо Николовски.









































