Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев на која порача дека со процесот на имплементирање на Планот За Борбa Против Корупција е опфатена и локалната самоуправа.

„Транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа се главен предуслов за демократски процеси во една заедница и нејзината одржливост. Само на тој начин ќе ги направиме достапни информациите за начинот на кој се распределуваат средствата на граѓаните“, посочи вицепремиерот.








































