Како дел од агендата за презентација на #ПланотЗаБорбаПротивКорупција, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Куманово.
„Со градоначалникот Максим Димитриевски ги делиме истите ставови во поглед на елиминирањето на ризиците од корупција во локалната самоуправа. Општината активно работи за имплементација на системските мерки и спроведува активности за сузбивање на корупцијата“, истакна Николовски.








































