Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска беа во увид на реконструкцијата на регионалниот пат Узем – Тораница.

„Но, особено сум горд на развојот и на градежните активности што се реализираат во регионот од кадешто што потекнувам.
Со рехабилитација на регионалниот пат Узем – Тораница го олеснуваме секојдневното функционирање на жителите од регионот и ги подобруваме условите за работа на еден од најважните индустриски капацитети во кривопаланечкиот регион, рудникот Тораница“, посочи Николовски.

„Продолжуваме да вложуваме во патната инфраструктура, да вложуваме во иднината! Се грижиме за нашиот народ, за економијата. Работиме напорно затоа што оваа наша држава има фантастични можности и потенцијал за раст и развој“, нагласи Николовски.








































