Овде, во Прилеп, но и низ целата држава, го унапредуваме квалитетот на живот на сите граѓани, ние работиме за граѓаните и заедно со граѓаните ги бараме решенијата кои ги преточуваме во најдобра кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секој град и секоја општина, истакна членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска во Прилеп на трибината под мотото „Најдоброто за секоја општина“.


Пандемијата не научи дека системот мора да функционира, рече Тренчевска, додавајќи дека социјалната реформа донесена 2019 година беше ставена на тест и се покажа како мошне ефикасна во полесно пребродување на кризата.

Слушајќи го вашиот глас, вашите сугестии, предлози и идеи ќе продолжиме да се справуваме со предизвиците за сите граѓани, во сите области, за да изградиме заедно едно општество во кое сите сме еднакви, рече Тренчевска.
СДСМ ќе ја има најдобрата понуда за Прилеп, најдобрата понуда за секоја општина, порача членката на ИО на СДСМ Јована Тренчевска на трибината под мотото „Најдоброто за секоја општина“.







































