Градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за секоја општина“, пред бројните граѓаните се осврна на најдоброто што е направено во општината во изминатите 3,5 години.
За прв пат речиси после 5 децении, Прилеп дови нов мост, најголем и најубав во градот. Широк 22 метри, со четири коловозни ленти, со велосипедски и пешачки патеки од двете страни, а реконструиран е и булеварот „Гоце Делчев“ рече Јованоски.

Пред еден месец ја започнавме изградбата на детската градинка во населбата Точила, со капацитет од 260 деца која ќе биде готова до крајот на годината, рече Јованоски, додавајќи дека е отворен и Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.
Тој истакна дека спортската гордост на Прилеп, храмот на фудбалот, градскиот стадион „Гоце Делчев“ го добива финалниот излед, а изградбата на покриениот базен, започнува во септември оваа година.

За 3,5 години, изградивме повеќе капитални проекти, отколку што направи ВМРО-ДПМНЕ за 12 години, порача Јованоски.








































