Премиерот Зоран Заев денеска заедно со градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски присуствува на поставување камен-темелник за затворен пазар во Виница.


Новиот градски пазар ќе се гради по највисоки стандарди и ќе има покриен и отворен дел. Овој капитален проект е особено важен и од интерес за прозводителите на земјоделски производи и за трговците од регионот.
Инвестициите во капитални инфраструктурни проекти продолжуваат и тоа е влог во подобри услови за живот во секој регион, бидејќи развиени општини значат силна економија“, посочи Николовски.







































