-После повеќе од 50 години, Крива Паланка, денеска добива нов, модерен градски плоштад, нов заштитен знак на мојот роден град, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.

-Крива Паланка се гради и се развива во секој поглед, со единствена цел – жителите да имаат достојни услови за живот, место во кое ќе реализираат сопствен животен развој, град во кој младите ќе сакаат да живеат и да работат, вели Николовски кој потекнува од Крива Паланка.










































