Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменикот на претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, со министерката за образование и наука Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во Општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.


Вложувањата во спортот, особено во спортските објекти во училиштата, е исклучително важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општеството какво што е нашето“, посочи Николовски.











































