На социјалните мрежи се појави нова снимка снимена во моментот на избивањето на пожарот во тетовската модуларна ковид болница, а на која се слушаат неколку експлозии, за кои се претпоставува дека се предизвикани од доводот на кислород за потребите на пациентите во болница.
Во видеото, снимено од очевидци, сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.
Станува збор за видео со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!







































