Грција не го поништи Преспанскиот договор, а Мицотакис беше против него додека беше во опозиција, и кога дојде на власт рече дека мора да се почитува иако не го сакале.
Уште ли верувате во бајки дека ќе се врати старото име под кое за светот бевме FYROM, а сега барем не сме поранешна република, туку држава во Европа.
Уште ли верувате дека ќе излеземе од најмоќниот воен сојуз кој ни гарантира безбедност?
Уште ли верувате дека ќе ја признаеме Северна Кореја како држава, најтаинствената држава во светот од кадешто доаѓаат најсилните сајбер напади и нуклеарни закани. Држава чии граѓани живеат под невидена репресија и тортура, а доколку преминат во Јужна Кореја, или Кина заради подобар живот и бидат депортирани, ги убиваат заради предавство.
До кога ќе верувате во бајки?? Политичарите му служат на народот, не обратно.
И не ги бранам и едните и другите, ја кажувам реалноста.
ФБ статус на дамјан Милошевски







































