Времето утре наутро умерено до значително облачно, во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.