Бараме мерки.
Добиваме мерки.
После се пазариме:
– Обврзувачки ли се?
– За сите ли важат?
– А казниви се?
Па најбрутално се ценкаме:
-До 10 години возраст или 10 години и два месеци?
– 14 дена од кога да броиме, од кога мерките беа предлог-мерки или откако поминаа на Влада?
– А за приватен сектор важат…?
Го немаме тој одговорен општествен нагон самоиницијативно да се изолираме. Уште помалку, без принуда да ставиме клуч на јавни собиралишта во приватна сопственост.
Потполно ги разбирам фискалните реперкусии и последиците по националната економија.
Но вака, ич нема да ја спасиме! Само ја одолговлекуваме агонијата. Наместо да го пресечеме стеблото и да се стрпиме до нов цут, ние го оставаме коренот да гние!
А, свесни сме дека е подобро 20 дена комплетна економско-социјална апстиненција, отколку 20 месеци општествено-системска реанимација!
Министре, заклучете не’ Вие, очигледно ние сами не сме кадарни!
ФБ статус на Викторија Милановска







































