Шпанскиот Сенат предмалку и официјално го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Со тоа, Македонија стана 30-та членка на НАТО.
Шпанскиот Сенат за прв пат во својата историја гласаше електронски, односно од далечина, токму за Протоколот за кој даде итност, за запазување на датумите. За ова историско гласање своите гласови ги депонираа 247 од вкупно 265 сенатори. Претседателката на Сенатот, Пилар Лоп беше единствена присутна во салата на Сенатот и дел администрација, при ратификацијта, која се случи во 13:15 часот.
ФБ статус на Огнен Јанески







































