ПОСТАПКА ЗА ЛИЦЕ СТАВЕНО ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ ВО ВРСКА КОВИД-19
За сите патници (возрасни и деца) кои доаѓаат од ризичните земји со присуство на СOVID-19, ЗАДОЛЖИТЕЛНА е самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена, од денот на влегувањето во РСМ.
1. Самоизолација во домашни улови опфаќа 24-часовен престој во домашни услови (според место на живеење во куќа/стан), во текот на 14 дена.
2. Престој во одделна просторија (по можност) во однос на останатите членови на смејството.
3. Задолжително користење на заштитна маска (хирушка).
4. Самопроверка на здравствената состојба со мерење на телесна температура неколку пати во текот на денот.
5. Доколку се пројават симптоми како покачена температура, малаксалост, течење нос, кашлање, отежнато дишење, да се јави во Епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје (телефонскиот број се наоѓа на флаерот со информативен материјал за патници).
6. Зачестено миење на рацете со употреба на сапун, дезинфекција на раце со дезинфекционо средство на база на алкохол и одржување на личната хигиена.
7. Зачестено проветрување на домот особено во просторијата каде престојува лицето во домашна самоизолација.
8. Задолжително одржување на лична и колективна хигиена на останатите лица во домот.
9. Доколу лицето во самоизолација има излачевини, треба да користи хартиени марамчиња (искучиво за еднократна употреба), по што истите ги одлага во посебна каса наменета за тоа и истата се отстранува на безбеден начин (добро затворена) исклучиво во контејнер.
10. Во однос на редовната исхрана, изолираното лице продолжува со вообичаениот начин на исхрана.
11. Комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри.
12. Непримање на посета во домашните улови на лица однадвор (роднини, пријатели, бизнис партнери).
13. Возрасните да не одат на работа, а децата да не посетуваат настава и предучилишни установи.
Подготвиле:
Прим д-р Жарко Караџовски
Д-р Иринка с. Бухова







































