„Министерството за внатрешни работи во изминатите два месеци покажува одлични резултати во борбата против недозволеното производство и продажба на опојни дроги.

Големи полициски акции резултираа со заплена на огромна количина на опојна дрога, прекурзори и психотропни супстанци.

Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.

Овие податоци се доказ за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.

Со успешните реформи, зголемените плати, новите објекти и новата опрема, денес полицијата работи помотивирано и поефикасно и е вистински партнер на граѓаните.

Ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал е врвен приоритет за СДСМ, за Влада и институциите што ги предводи“, стои во соопштението на СДСМ.