Најмалку единаесет цивили загинаа, а стотици се ранети откако руската ракетна артилерија отвори оган врз вториот по големина град во Украина, пренесе АФП, цитирајќи локален гувернер.

Харков, градот во кој се случија некои од најтешките борби досега, бил погоден од ракети истрелани од руските позиции, а на видеото се гледа областа околу голем трговски центар околу кој се случуваат експлозии.

Има уште поексплицитни снимки кои откриваат улици полни со мртви тела и тешко ранети цивили, но нема да ги објавиме поради навистина вознемирувачките сцени.