Водостоите на сите реки во земјава се под просекот за март и кај најголем дел има намалување на нивото во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Пчиња, на мерното место кај Пелинце, и Струмица кај Сушево каде има минимално зголемување на водостојот во споредба со вчера.

Нивоата на трите природни езера во земјава се исти како вчера, но кај Дојранското и Охридското Езеро се повисоки од просечните, додека водостојот на Преспанското Езеро е за 84 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за март.