Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучил авторски договор со Наталија Митовска од порталот Инфомакс – медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, објави денес владејачката СДСМ.

Митовска има договор на 24 илјади денари месечно со Општина Кисела Вода, како и анекс на тој договор со кој се ангажира за наводно изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.
Митовска не е единствената со која Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучиле договори. Во најголемата економска и енергетска криза, градоначалникот Ѓорѓиевски наместо да работи за граѓаните трошу буџетски пари за полнење на џебовите на негови роднини и пријатели.

Договори има и за Кирил Митревски, кој е близок пријател на Ѓорѓиевски и кој заработува по 50 илјади денари, но и други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др. склучиле вакви договори со Општина Кисела Вода со цел да живеат на грбот на граѓаните.







































