Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека на почетокот на следната недела се очекува поставување на мобилната болница на просторот до Инфективната клиника.
„Тука ќе бидат поставени објекти во кои ќе се сместат близу 130 кревети со што капацитетот на клиниката ќе се дуплира, со соодветни тоалети, со суви ходници со кои ќе се комуницира со самата клиника. Сметаме дека е добро да се надополни капацитетот таму кадешто е експертизата“, рече Филипче.







































