Над 15.000 граѓани денеска се приклучија на маршот ,,Чекориме за правда” кој започна од пред Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните се сплотија околу заложбите за силна правна држава, независен судски систем и неселктивно владеење на правото.

На маршот свое обраќање има Џабир Дерала, граѓански активист, Соња Мираковска пратеничка во Собранието и Зоран Заев претседател на СДСМ.
Лидерот на СДСМ во своето обраќање на вечерашниот марш под мотото „Чекориме за правда“ им се поклони и заблагодари на присутните граѓани во име на нивната храброст и, како што рече, татковинско чувство.

-Чекоревме месеци и години за слободата и демократијата. Парламентот ги донесе законите, сега правосудството е на потег. Чекориме за правда! Собранието, со изгласувањето на законите, отвори ново поглавје во реформите, порача Заев во своето обраќање.
-Собранието се ослободи, повеќе не е гласачка машинерија на подстанарот на Орбан! – порача граѓанскито активист Џабир Дерала на вечерашниот марш под мотото „Чекориме за правда“.

-Тие што влечеа луѓе за уши и врат, што повикуваат на етничко чистење, што ги мразат своите комшии, тие повикаа на процедури. Ќе ни треба многу време да ги наброиме сите монтировки на сваровски судството. Не смее да се заборави кога човечките судбини беа запечатувани со еден тел повик од Фамилијата. Никогаш не смееме да заборавиме на жртвите на режимот кои минаа низ судско-полициските лавиринти, рече Дерала.