Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска со Петре, оризопроизводител, добитник на комбајн за жнеење ориз, разговараа за се она што заеднички е направено со оризопроизводителите.
– Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка во модернизација на производството, при набавка на сушара или комбајн за жнеење. Оризот, нашето македонско бело злато го издигнавме во листата на стратешки важни култури за државата. 300% се зголемени субвенциите за ориз, а оризопроизводителите на крајот на 2023 година авансно ја добија основната субвенција на своите сметки. Паметат оризопроизводителите и прават споредба, како е денес, а како беше во минатото кога оризовата арпа се откупуваше и за 17 денари, а денес изнесува од 38 до 40 денари по килограм. И Петре и сите земјоделци знаат дека постојано сме на терен, ги слушаме нивните барања од кои креираме мерки што несомнено даваат резултати за земјоделците, потенцира Николовски.