Неколку аудио снимки се објавени на социјалните мрежи, снимени на партиски состанок на Штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Василево во кои се слушаат гласовите кои наликуваат на баџанакот на Мицкоски, Јорданчо Јанев и докторот, Гоце Христов, близок до оваа партија. Во првата снимка, (линк тука ) гласовите кој наликуваат на баџанакот на Мицкоски, Јанев и доктор Гоце Христов ги уценуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Василево, од населеното место Висока Маала дека мора да ги убедат своите членови на семејствата да гласаат за кандидатот на нивната партија, иако во првиот круг гласале за СДСМ. „Мора да ми обеќате оти тие 60 души ќе бидат завртени наспроти СДСМ, деца, роднини, браќа, сите“ За гласање се нуди се, врски во судство и обвинителство за никој од членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не одговара. Очигледно ништо не се променило во опозициската партија, повторно тефтерчиња, повторно списоци на судии се спремаат. Се споменува и социјална помош, туѓа нега и слично. Во втората снимка,(линк тука) гласот кој наликува на докторот Гоце Христов, скандалозно признава дека на членови на ВМРО-ДПМНЕ им се завршувале болнички услуги преку ред, за предглед, за ЕХО, додека другите граѓани чекале на ред и до 1 месец. Дали положбата доктор ја злоупотребил Христов на овој начин? Дали членовите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе луѓе од обичните граѓани? Скандалозно, неетички. Конечно, се слуша и гласот кој наликува на баџанакот на Мицкоски(линк тука) кој е затечен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Прашува што е подобро со СДСМ и добива директен одговор, дека со „СДСМ е се подобро“, дека нема поделби меѓу граѓаните, дека ВМРО-ДПМНЕ ги делеле граѓаните а со СДСМ сите добиваат исто. „ВМРО кога беше на власт социјална помош никој не добиваше што не беше ВМРО. Дојде СДСМ сите добиваат социјална помош, и вмровци и сдсмовци“ е пораката до баџанакот на Мицкоски, директно од неговите членови. ВМРО-ДПМНЕ убедливо загуби во Струмица. Втор круг со струмичкиот регион има во Ново Село и Василево. Пред неколку дена кандидатот за градоначалник на Василево физички нападна жена и советници од СДСМ. Овие снимки очигледно покажуваат зошто има голема нервоза во редовите на опозициската партија.