„За набавката знаев дека Јовановски одбрал мебел за телевизијата, но дека ќе го компензирал со реклами. Сумата беше голема, не можеше сè со компензација. Потпишавме договор. Тој во февруари подигна гарнитура. Вкупниот долг што требаше да го плати, што не беше компензација, изнесуваше 296.000 денари. Ние не знаевме за каде му е мебелот, тоа го кажав и во Обвинителството. Договорот не е испочитуван. Ни компензација, ни плаќање на ратите за мебелот. Му пративме опомена пред тужба, па девојка дошла и оставила 2.750 евра како гаранција дека долгот за мебелот ќе се плати. Станува збор за долг за кожена аголна гарнитура, две кожени фотелји и масичка од брендот ‘Калигарис’”, сведочеше Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за луксузен мебел „Зона мебел”, на рочиштето за „Рекет“, пренесе Макфакс.