Запрашан како се справува со новите рестриктивни мерки наложени со корона-кризата во државата, Ване Цветанов, актуелен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, во своето гостување во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија, со коментар:

“Јас сум научен и подготвено ја пречекав целата пандемија и криза благодарение на моето 13-месечно искуство во притвор во Шутка, така што делот изолација и самоизолација ми е доста познат благодарение на претходната власт” – изјави Цветанов.

Во однос на тоа како актуелната здравствено-политичка власт се справува со епидемијата на коронавирусот, Цветанов со оценка:

“Јас верувам во начинот на менаџирање на кризата од страна на министерот за здравство Венко Филипче, се даде максимум да се справиме со кризата врз база на расположливите резултати и ресурси што беа оставени од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. 11 години во здравството беа направени пропусти од човечки фактор. Многу малку се инвестираше во млади кадри, се овозможи иселување на голем број доктори и медицински сестри првенствено во Германија, но и ширум светот. Бројот на кадри се намали затоа што не беше обрнато сериозно внимание на лекарската фела. Новата влада исполни дел од она кое беше ветено, за 2,5 години скоро 70% од тоа што беше ветено е исполнето. Во делот на купување на одредени машини сериозен ПР се промовираше во време на ВМРО-ДПМНЕ, а огромен број од тие машини никогаш не се ставија во функција. Фондот за здравство беше затекнат во очајна состојба.

Она што е останато како ресурс одлично се менаџира од страна на сегашната влада. Бројот на заразени и бројот на жртви покажува дека оваа влада успеа одлично да изменаџира со кризата со Ковид-19 и на повидок е прогласување крај на оваа криза со минимални претрпени штети” – заклучи Цветанов.