Дали техничкиот дополнителен заменик министер за земјоделство Цветан Триупновски е со сомнително криминално досие?
Дали Трипуновски е “фрлен во оган” од сопствената партија да одработува на незаконит начин за ВМРО-ДПМНЕ за изборите?
Овие и уште многу други прашања се поврзуваат со дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Трипуновски е стар кадар кој во времето на Никола Груевски раководеше со Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство, во времињата во кои инспекторатот со своите високи казни и селективен пристап за земјоделците важеше за најголем непријател, а за приврзаниците на власта алатка за спроведување на сомнителни дејствија во корист на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Од тоа време датира и кривичната пријава поведена против сегашниот технички заменик министер за која пишуваа и медиумите во минатото, а која според нив се однесува на злоупотреба на службената должност и овластување во вршење на службата директор на Државниот инспректорат за земјоделство каде се сомничи за оштетување на буџетот на министерството, а со тоа и на државата за износ од 117.000 евра?
ВМРО-ДПМНЕ најверојатно сѐ уште не излегува од својот криминоген код и не расчистува со поранешните структури во своите редови, туку истите повторно ги става во своја функција. Со ова уште еднаш опозициската партија докажува дека нивната цел е враќање на времињата од режимот на Груевски, враќање на притисоците и заканите кон населението и кон земјоделците и заробување на институциите на државата.