Во трката за претседател на државата, до сега седум кандидати ја потврдија својата кандидатура.

Викендот, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одржаа конгреси на кои Пендаровски и Силјановска-Давкова добија партиска поддршка а во текот на вчерашниот ден и двајцата кандидати објавија дека ги собрале потребните 10.000 граѓански потписи.

Во Крива Паланка, уште во утринските часови, канцеларијата на ДИК во Општинската зграда беше претесна да ги собере сите кривопаланчани кои со личен потпис сакаа да дадат поддршка за својот кандидат за претседател на државата.

Она што може да се забележи во оваа општина е огромната разлика во подршката која ја имаат од граѓаните двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во Крива Паланка, последните неколку изборни циклуси, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најслаби изборни резултати.

Колку тоа владее апатијата и безнадежноста во овој Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, покажува тоа што после толку години, нивното локално раководство како свој триумф изминативе недели го претставува отворањето на партиски месни штабови. Замислете, се радуваат дека отвориле месни штабови. WTF.

Настрана од тоа што на отварањата на тие месни штабови, нема членови од месните комитети, туку едни исти 10-тина локални функционери се шетаат од штаб во штаб во обид да го мотивираат заспаното и разочарано партиско членство.

Но, да се вратиме на вчерашниот ден кога и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка ги повикаа своите подржувачи да се потпишат за Пендаровски, односно Силјановска-Давкова во канцеларијата на Државната изборна комисија.

На крај на денот, резултатите се следни:

Стево Пендаровски 1015 

Гордана Силјановска-Давкова 497

Соодносот во подршката помеѓу двајцата кандидати е два спрема еден, во корист на актуелниот претседател Пендаровски. Двојно поголема поддршка во Крива Паланка доби кандидатот подржан од СДСМ, наспроти кандидатката на Мицкоски и опозицијата. Тоа се бројките, тоа се фактите, наспроти лажните анкети кои ги пласираат агенциите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувано, за оваа огромна поддршка, на кривопаланчани им се заблагодарија членот на Централниот одбор на СДСМ Љупчо Николовски и шефот на Општинскиот изборен штаб, Сашко Митовски.

“Горд сум на огромната поддршка и разлика за Стево Пендаровски која доаѓа од Крива Паланка, за еден ден соберени 1015 граѓански потписи наспроти 497 за Гордана Сиљановска. Се потпишавме за нашата стабилност, прогрес и европска иднина на Северна Македонија.” – потенцира Николовски.
430680767_2132492163783796_485955308241253143_n
“Моќна, јасна и ПОБЕДНИЧКА порака од Крива Паланка 💪
👉 Стево Пендаровски 1.015 🖊
👉 Гордана Сиљановска Давкова 497 🖊
Помина Дунав 😉” – напиша на Фејсбук, Митовски.
428701813_10228152349888121_1892044181990193189_n (1)

Ако денот по утрото се познава, тогаш во Крива Паланка уште сега се знае победникот на претстојните двојни избори.