Двојно убиство во Кратово, а 37-годишна жена е приведена вчеравечер пред полноќ.
Според првичните информации убиени се сопругот и свекорот на приведената.
Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата во текот на ноќта ќе бидат пренесени на обдукција.
На лице место се утврдува мотивот за двојното убиство, а истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот како е извршено.