Европската комисија својот предлог за нова методологија за процесот на пристапување во ЕУ ќе го претстави на 5 февруари во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Танјуг објави дека еден ден подоцна, на 6 февруари, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лично ќе ги изнесе новите упатства за политика за проширување на ЕУ за време на посетата на Белград.

Откако Советот на ЕУ кон крајот на минатата година ја задолжи Европската комисија, да изработи предлог на нова методологија за пристапниот процес за земјите-кандидатки на ЕУ, од Комисијата изјавија дека го финализираат документот и дека наскоро ќе го претстават.