Порталот Локално објави фотографии на кои се гледа новиот началник на СВР Скопје Ристо Ставревски, кој беше назначен од техничкиот министер Наќе Чулев, како води партиски состанок во Оопштинскиот комитет Ѓорѓе Петров во друштво на Владо Мисајловски, во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Стојановски, во својство на претседател на ОК Ѓорче Петров.
Од порталот прашуваат како ова ќе влијае на организирањето фер избори што е целта на техничката влада.