Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и министерот за земјоделие Трајан Димковски, денеска беа на терен во Струмица, каде ги посетија замјоделците и заеднички разговараа за предизвиците со кои тие се соочуваат.
СДСМ преку разни мерки допринесува за значајно подобрување на животот на земјоделците, беше обострано констатирано на средбата.
„Прекрасен ден во Струмица, меѓу граѓаните во градската чаршија. Слушнав многу продуктивни предлози, инспирација за изборната програма на СДСМ за претстојните избори“, констатираше Николовски кој инаку е поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Вака земјоделците ги пречекаа функционерите на СДСМ.
„Така се информира за земјоделието и така се разговара со земјоделците .Тоа е разликата меѓу техничкиот министер што беше во Конче, а не се сретна со земјоделците и ВАС кои ве дочекуваат како земјоделци кои се задоволни од досега направеното ,и продолжување и понатаму со подршка за нив“, гласи еден од многуте позитивни коментари на социјалните мрежи за остварената средба.