“СДСМ успеа да направи нешто што не личи на нив но е позитивно, го дисциплинираа ДУИ на неверојатен начин. Предходно неможеа да го добијат Талат Џафери на телефон, да ја закаже седницата, ја одлагаше, со оценка од нив внатре дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, овој закон да го одложат за после изборите. Незнам од кои причини и зошто. Секогаш посакував СДСМ вака да постапува. Тие се собраа, проектираа ново мнозинство, излегоа со теза, преку генералниот секретар, дека доколку тоа се случи, ќе одат со нова влада, со ново мнозинство, избори нема да има сега, туку во декември. Што се случи? Се случи преврат во ДУИ. Шок. Првин се јавија со соопштение, со извинување, а потоа веднаш се мобилизираа и тргнаа да гласаат за ЈО. Така треба. И после тоа, коалицијата нормално функционира како што личи. Но СДСМ со тој став пријатно ме изненади и покажува кондиција, ја држи целта, носење на законите и во таква кондиција излегува на избори. Тоа е добро бидејки, јас сметам дека ќе добијат уште еден мандат.” – рече универзитетскиот професор, Љубомир Фрчкоски на вечерашната дебата во ТВ 24.