“Јас припаѓам на партијата ВМРО уште од основањето, ама некои работи се контрадикторни. Не може да бегаме од избори заради здравјето на граѓаните, а ваму Чулев да се буни за полициски час во сабота, недела и понеделник. Тоа не ми е јасно. Контрадикторност до крај! Излегува Чулев дека не треба да има полициски час, а ваму бегаме од избори заради здравјето на народот. Тоа не можам да го сфатам” – коментар на гледач во утринската “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија на тема постои ли можност за договор за избори и потребен ли е полициски час во текот на викендот.