„Гледајте има една голема разлика што ваква работа се случи и во 2010 година ама јас не видов да известувате на вести. Како не дознавте? Гоце, 2010 година вестите знаеш како се правеа. Како завршивте вие во А1? Кој ја затвори ТВ? Власта на ВМРО – ДПМНЕ“ рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од новинарот Гоце Михајлоски од Канал 5 во врска со упадот во М-НАВ.

Премиерот додаде дека сега може комотно да се информира за се и нема нарачки за вестите, за разлика од 2010 година кога тоа не смееше.

„2010 година вести наредени, спортска рубрика некогаш немаше. Ние моравме да го гледаме премиерот во спортска рубрика како игра кошарка и вози точак.“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека сега сите, веднаш дознаа за настанот, меѓутоа имаше и санкционирање, а во 2010, не само што никој не дозна, туку немаше ни никакви санкции.

„Тоа е демократската придобивка од оваа власт“ потенцираше Ковачевски.