Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и пратеник од СДСМ Љупчо Николовски го поздрави најновиот успех кој го постигнаа малите семејни винарии.
“Уште еден доказ за визијата преточена во реформи, закони и поддршка – денес малите винарии се најдобрите македонски амбасадори.
За Европа и светот ова е најдоброто од Македонија. За власта – успех за кој некој треба да одговара.
Не било во ред кога ќе се создадат 100 мали винарии со вкупно 820.000 евра, а законски било кога за една избрана винарија ќе се направи владина мерка од близу 300.000 евра?
Наместо да ја продолжат револуцијата од мали винарии, развојот на винскиот туризам и извозот – Владата прекина со секаква поддршка.
За две години – само една регистрирана мала винарија, нула договори на повикот за финансирање, ниту едно евро за близу 300 мали винарии.
Малите оставени сами – без домашна, но со поддршка од амбасади и меѓународни организации. И со најмногу освоени награди во светот за нашето квалитетно вино. Честитки до сите мали семејни винарии!” – напиша тој.

Македонските семејни винарии го освоија Балканот!
-На најголемото натпреварување во регионот  The Balkans International Wine Competition and Festival освоија неверојатни 86 медали за квалитетот на македонските вина!
-2 дупли злата за винариите Winery Kuvin и Klincharov Family Winery /Семејна Винарија Клинчаров
– 24 златни
-24 сребрени
-36 бронзени медали!
Ова е досега најголем успех, и го потврдува квалитетот на малите винарии кој со многу љубов го произведуваат пијалокот на боговите.