Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ги соопшти имињата на кандидатите за министри во новата влада.

Славица Грковска – вицепремиер за борба против корупцијата

Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања

Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања

Љупчо Николовски – министир за земјоделство

Славјанка Петровска – министер за одбрана

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Никола Тупанчевски– министер за правда

Јована Тренчевска – министер за труд и социјални прашања

Бисера Костадиновска-Стојчевска – министер за култура

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Ковачевски, предлозите за нови министри и предлог-владината програма ќе ги достави до парламентот уште во текот на утрешниот ден.