„Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, рече водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“, објави А1он.
Таа кажа дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра.
„Сакав да помогнам“, рече водителката.
Дополнително, таа дала околу 500.000 денари позајмица на „БМЈ Медиа груп“, фирмата сопственик на „1ТВ“.
Филиповска рече дека никогаш не примила пари од оваа фирма, единствено дала бидејќи сакала да помогне на Телевизијата.
Инаку водителката Лила Филиповска, беше со Бојан Јовановски – Боки 13, кога на 15 јули тој сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.
Бојан Јовановски тогаш беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, при обид да ја напушти државата.
Филиповска во септември беше повикана како сведок од шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска.