Германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со премиерот на Албанија, Еди Рама порача дека ќе настојува „на следниот самит на ЕУ во март да се постигне согласност за почеток на преговори“ со Северна Македонија и Албанија.
„И двете држави постигнаа многу. Ние сега напорно за да го постигнеме посакуваниoт исход пред март. Тој што добро ја познава геополитичката состојба е свесен дека е добро земјите од Западниот Балкан да станат членки на ЕУ“, изјави Меркел.