“Воведувањето на една изборна единица ќе беше добра можност на самостоен настап на помалите партии. Немаше да бидат приморани на коалицирање со доминантните две партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но сега ќе бидат повторно приморани на коалицирање. Тука СДСМ, како владејачка партија има поголем коалициски потенцијал, бидејки досегашното искуство покажува дека овие партии главно се приклучуваат кон владејачката партија.” – рече во гостувањето Александра Мицоска-Митевска на Слободна ТВ во Утрински брифинг.