Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.
На 26.5.2024, околу 23.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеватот Никола Карев во Скопје имало пукање“, информираат од МВР.

„Во 23.45 часот од Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т. А. (24) од Скопје. Во 23.51 часот од комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О. Б. (19) и А. И. (29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот, на 27.5.2024, А. И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“.