78-годишна жена дала 2. 000 евра за да ја спаси ќерка ѝ од одговорност во наводна сообраќајна несреќа.

Скопјанката пријавила дека платила 1 400 евра и 30 илјади денари во текот на вчерашниот ден околу 18 часот.

Според пријавеното, околу 10 часот од непознат број ѝ се јавило лицето и ѝ рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице мигрант, а ќерка ѝ била со тешки повреди.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека требала да плати 25 000 евра за да ја спаси ќерка си од одговорност.

Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите. Се работи на расчистување на случајот.