Медиумската групацијата „Клип медиа“ во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“ спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните.

Целта беше да се идентификуваат клучните ставови на граѓаните за политиките, за иднината но и за најактуелните политичари на нашата политичка сцена.

Истражувањето е спроведено преку телефонски интревјуа, на 900 испитаници, од целата територија на државата.

Попозитивна проекција за иднината на граѓаните е доколку СДСМ остане на власт

Во однос на сите прашања видлива е поларизација кај гласачкото тело меѓу двете најголеми политички партии, има одредена разочараност кај неопределните граѓани, највидлива во делот на правосудството.

Согласно резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31.4% од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, додека 24.9% сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, 37% се плашат дека состојбата ќе се влоши, додека пак истото за СДСМ го мислат 34.2%.

Ако остане ДУИ на власт дури половина од гласачите очекуваат влошување на состојбата.

Резултатите од целосната анкета на линкот тука