Поради прекршување на Уставот и некористење на новото уставно име на таблата во Министерството, пратениците ноќеска ја разрешија техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
За нејзино разрешување гласаа 62 пратеници.
На седницата која траеше до четири часот изутрина, беа изгласани и измените на Изборниот законик.