”Драго ми е што денеска на овој голем христијански празник сум дел од манифестациите коишто се одржуваат во Штип во Истокот, и од тука во име на СДСМ сакам на сите да го честитам овој празник” порача генералниот Секретар на СДСМ Љупчо Николовски кој присуствуваше на фрлањето на крстот во Штип .

Николовски упати честитки до Поглаварот на МПЦ, до членовите на Светиот Архирејски синод, до Митрополитот Иларион, до целото свештенство и до сите верници коишто денеска го слават овој празник и повика не само денес, туку секој ден меѓусебно да се почитуваме, да се помагаме, и да во ова лето господово 2020 навистина секој ден правиме добри дела, и сите заедно, да го продолжиме вистинскиот пат на просперитетот на нашата земја. Николовски на сите граѓани им посака многу здравје, среќа и радост и желби за лична среќа, благосостојба и личен развој на сите оние кои денеска го фатија крстот ширум земјата.