Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Прилеп, прилепскиот регион и Кривогаштани каде што се сретна со граѓаните на оваа општина но и со земјоделците од овој крај.
Тој истакна дека досега потпишаните 1.480 договори во висина од околу 32 милиони евра се потврда дека земјоделството ни е на прав пат. Како и дека нашата држава е пример во регионот како треба да се користат средствата од ИПАРД програмата. За тоа потврдуваат голем број компании кои ги користат средствата од оваа програма како голема поддршка за нивниот бизнис.
Во изјава за медиумите во Прилеп тој посочи дека изминатиот период беа остварени бројни средби на територија на целата држава, средби на кои можеа да се слушнат вистинските потреби, сугестии и предлози од страна на граѓаните и земјоделците во однос на земјоделството.
Овие средби ги посочи како навистина продуктивни и потребни , а се во насока на нивни интерес.
Тој посочи дека решавањето на статусот на стечајните работници, растот на минималната плата, субвенционирањето на придонесите за плати, растот на платите во низа сектори се дел од законските решенија кои се донесоа и реализираа, а директни придобивки имаат граѓаните. Концептот парите назад кај граѓаните продолжува и во иднина-истакна Николовски.
Ова е првпат нашата држава да не плаќа пенали за неискористување на средствата од ИПАРД програмата и можам да кажам дека сме шампиони во регионот на рекордна искористеност на европските сретства.-истакна Николовски.
Владата предводена од СДСМ изминатиот период покажа дека вистински се грижи за сите граѓани и стои на зборот. Ако зборуваме за тутунопроизводителите можеме да кажеме дека она што го ветивме го исполнивме . Па така во 2016 година ветеното зголемување на субвенциите се реализираше уште со првата реколта. За првата класа 80 денари, за втората 70 денари и за трета 60 денари- посочи Николовски.
Тутунопроизводството е стратешка гранка од која имаме 100 милиони девизен прилив, а го работат над 33 илјади семејства во државата, затоа продолжуваме и понатаму со поддршка на оваа гранка. Денес имаме историски највисоки цени на тутунот ,ако споредиме со 2014 година кога беше 118 денари, па во 2015 година 185 денари, а денеска за само 3 години имаме просечна цена од 221,5 денари.
Продолжуваме и понатаму со поддршката на оваа но и останатите земјоделски гранки, таму каде што е потребно. Со СДСМземјоделството е на прав пат, истакна Николовски.