Припагам од таа генерација која бара веднаш да се расчисти со сите работи. Законот за Јавно обвинителство е потребен и точка, рече Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во емисија Клик Плус.
На прашањето на новинарите зошто овој закон не се донесе порано Николовски порача дека да зависело само од СДСМ законот ќе се донесел многу порано.
-На сите им е јасно дека СДСМ на изборите 2016 доби 49 пратеника и неколку пати до сега обезбедуваше 2/3 мнозинство заради иднината на државата. И сега кога повторно се обидува да се обезбеди потребното мнозинство повторно сме соочени со опструкции, одоголвлекувања, презакажување на седници, едноставно купување на време.
Николовски потенцираше и дека овој донесувањето на овој Закон е плус поени при донеесувањето на одлуката на Евопската Комисија за почеток на преговорите и дека и ЕУ и САД го подржуваат законот и апелираат да се донесе час поскоро