Владата предводена од СДСМ посветено инвестираше во проектот експресен пат Ранковце – Крива Паланка кој интензивно се гради во изминатите неколку години. Реализацијата влегува во завршна фаза при што институциите си ја исполнија својата обврска пред Светска Банка за обезбедување на дополнителни средства и грант за довршување на оваа капитална инвестиција, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто Љупчо Николовски по одлуката на претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред законот со кој ќе се продолжи изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

“Секогаш сме на страната на граѓаните и приоретизираме што е важно. Сега е ВАЖНО да превладее разумот и без политиканство да се носат државнички одлуки во интерес на граѓаните. Ниту една партија не е, и не смее да се стави над граѓаните, блокирајќи проекти што го подобруваат животот за сите. Оваа блокада мора да престане.
Јавно ја повикувам опозицијата да не го кочи и блокира овој проект, а претседателот на Комисијата за финансирање и буџет уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за да може истиот час поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот”, вели Николовски.