“Започнува со изградба првиот модерен затворен систем за наводнување на Славишко Поле финанисран од Европска Унија со близу 2 милиони евра, објави Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
“Започнува уште еден крупен проект за Ранковце и Крива Паланка за кој се борев како министер во изминатиот период.
Започнува со изградба првиот модерен затворен систем за наводнување на Славишко Поле финанисран од 🇪🇺 со близу 2 милиони €.
Се изработи целокупниот проект и документација, беше избран во голема конкуренција на други проекти, се обезбедија средатва преку ИПА проект на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се спроведе целокупната тендерска постапка, се обезбеди градежната дозвола и деновиве избраниот изведувач започнува со градежни работи.
Системот за наводнување на Славишко Поле ги опфаќа земјоделските површини почнувајќи од село Псача, Петралица и Гиновци како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување.
Со новиот систем ќе се наводнуваат 200 ха обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1500 жители кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство.
Нека е аирлија и за добро на граѓаните”, напиша на Фејсбук Николовски.