Си беше еднаш еден вечен дополнителен заменик министер којшто многу посакуваше да стане министер.
Ама за да стане министер, мораше малку да прошета да го видат луѓето.
Ете тој дополнителен заменик министер реши да си земе експерт, пратеник, угледен човек да му даде ум како треба на терен со земјоделците.
Дафина Стојановска која во графите на нејзиниот анкетниот лист има набројано 6 станови и една куќа за одмор, како свој, имот на родители и имот на сестра.
Оти таа е многу вешта, една од највештите.
И вистина е така.
Вештина е во денешно време да пополниш анкетен лист со 6 станчиња и куќа за одмор, и без пардон да им кажуваш на земјоделците колку тешко се живее.
Вештина е и да отидеш меѓу земјоделците, да ги погледнеш во лице и да им кажеш дека било време за промени.
Па замислете ако и е сега толку лошо, што ќе се случи ако навистина дојде до промена?
Денешното 7 ќе стане 17?!
И како после обичниот човек да му верува на ваков тандем?!